БИТ ФЕСТ – АСОЦИЈАЦИЈА 615 – Смотра volume: 2

БИТ ФЕСТ – АСОЦИЈАЦИЈА 615 – Смотра volume: 2

Културно уметничкото друштво Асоцијација 615 – Битола е тим на млади ентузијасти кои имаат неизмерна љубов кон своето матично место на живеење кое е познато како извор на културни настани, место од каде потекнуваат најквалитетните уметници во Републиката, а воедно и најголемите амбасадори на нашата земја, музичарите, уметниците. Примарна цел на Асоцијација 615 е градот Битола да стане централно место за електронска музика во републиката, место од каде ќе потекнуваат нови трендови, место кое ќе биде извор на најкомпетентните  уметнички дела.
Асоцијација 615 е извор на идеи, креативност за тоа како младите најефективно и најефикасно да го користат слободното време и да остават трага од своето постоење. Асоцијацијата е место кое ги охрабрува младите за прикажување на своите идеи и скриена имагинација. Нивното мото е :Не се плаши да преземеш акција, дојди и приклучи се. Не ја конзумирај културата, креирај нова.
Настанот е од културно уметнички, образовен карактер. На настанот свое учество зедоја повеќе артисти од сферата на електронската современа музика кои имаат настапувано во земјата и странство и ќе се претстават со свој музички перформанс.
Локацијата  беше уредена во стилот на сите претходни настани организирани од Асоцијација 615 што веќе станаа заштитен знак на здружението. Исто така, ќе биде организирана еколошка акција пред настанот за расчистување на локацијата и по завршување на самиот настан.

Програма:
Autmind – е бенд составен од Златко Чеков, Игор Атанасоски и Жарко Пејковски.
Hypertech настапува како самостоен артист.
Anomalia Nativa е дуо составено од Драган и Андреј.
Darko Stepic