БИТ ФЕСТ – Рок концерт „Балканска улица“

БИТ ФЕСТ – Рок концерт „Балканска улица“

Настап на три рок бендови од Р.Грција. Серија на концерти во јуни, јули и август на кои ќе се претстават музичките сцени од Балканските држави. Оваа година предвидени се 3 – 4 претставувања, а исто толку и идната година.
Во 2012 – та година: јуни – Грција, Македонија; јули – Бугарија и Турција, август – Хрватска и Србија. Претставувањата во овие држава значат и зближување на музичките сцени од градовите од другите земји со Битола, а тоа пак ќе овозможи отворање на тие локални сцени кон битолската – добра можност за гостување на битолски бендови во тие градови во периодот кој следува.
SCAB LEVEL – бендот е формиран во Солун. Своите почетоци ги бележат како школски бенд. Зад себе имаат 50 – тина настапи со учество на реномирани фестивали во Грција и надвор од земјата.
BLUE PRINT – почетоците ги бележат во 2008 –ма година во Солун, кога се формира нивното трио.
3. 11 8 666 – комплетно нов бенд од Солун – формиран од музичари кои свиреле во познати грчки бендови. Класична постава и женски вокал со концертно деби во Битола.

http://www.myspace.com/scablevel
http://blueprintband.blogspot.com/
http://www.myspace.com/3118666