БИТ ФЕСТ – Поетско музичкиот перформанс „Балконот на Елени“

БИТ ФЕСТ – Поетско музичкиот перформанс „Балконот на Елени“

 Под балконот на куќата на семејството Каринте, на Широк сокак, музичарите од ТРИОТО БИТХИОЛА и актерката Николина Василевска во улога на Елени Каринте  го изведоа Музичко-театарскиот перформанс „Под балконот на Елени“.
Станува збор за љубовна приказна помеѓу таткото на современа Турција Мустафа Кемал – Ататурк и Елени Каринте.
Перформансот  се темели врз основа на последното писмо кое што Елени Каринте му го испратила на нејзиниот сакан Мустафа Кемал. Елени Каринте е девојка која потекнува од познато битолско семејство, ќерка на богатиот трговец Ефтим Каринте. Започнувајќи со еден невин поглед од балконот на семејството Каринте, започнува големата љубовна приказна. Станува збор за забранета љубов меѓу двајца врсници. Мустафа Кемал подоцна станал прв претседател на Турција, познат е по своите државни реформи и е еден од најпознатите светски политичари.  

Славчо Слав – гитара вокал
Илија Пулевски – гитара
Ајро Хајредин Лумановски – виолина
Гостин:Николина Василевска – наратор