БИТ ФЕСТ – КОНЦЕРТ CANTORES MARULI

БИТ ФЕСТ – КОНЦЕРТ CANTORES MARULI

Во концертната сала на Завод и музеј се одржа  концерт на „Cantores maruli“ од Хрватска.
Машкиот вокален состав Cantores maruli се создаде во Сплит кон крајот на 2007 година, со цел музицирање и промовирање на сакралното творештво на хрватските автори. Со името Cantores maruli или пеачите Марулови сакаат да искажат чест на Марко Марулиќ, таткото на хрватската книжевност.Ансамблот негува специфичен облик на музицирање. Првиот целовечерен концерт на сакрална музика ансамблот го одржа во 2008 година во црквата Св. Анте во Сплит. Целта на овој проект беше да се претстават на јавноста дваесеттина избрани дела од подрачјето на сакралната музика на хрватските композитори.
Вокалниот состав Cantores maruli заедно со поетот Марин Чапаљ, глумецот Златко Црнковиќ и гитаристот Петар Чулиќ го изведоа музичкиот проект Приказна за Марко Марулиќ во склоп на Програмата на Деновите на Марулиќ 2011 во Сплит. Авторството и иницијалната идеја ја потпишува Марин Капор Капорело, прв тенор во ансамблот. Целта на проектот е да се прикаже животот и делото на Марко Марулиќ преку одбрани страници од неговиот книжевен опус и музика, притоа се настојува хронолошки да се опфати животот на поетот но и да се означат историските збиднувања во кој беше современик. Проектот претставува синтеза на вокални, инструментални и поетски слики. Со одлука на Музејот Иван Мештровиќ, на вокалниот состав Cantores maruli доделена им е наградата Уметник на мојот народ за особен придонес во зачувувањето на хрватското културно наследство во 2011 година.