БИТ ФЕСТ „Балкански погранични градови и региони“ – ЗГ Ековаст Етнолошка изложба

БИТ ФЕСТ „Балкански погранични градови и региони“ – ЗГ Ековаст Етнолошка изложба

Презентација на етнолошки филмови
НУ Завод и музеј – мала сала – 12.00 ч
Здружението на граѓани ЕКОВАСТ (Европски совет за села и мали градови) оваа година ја збогатува програмската содржина на манифестацијата БИТ ФЕСТ 2012 со својот меѓународен културно научен настан „Балкански погранични градови и региони“.
Оваа културна содржина е поттикната од културното наследство како дел од материјалната култура на еден народ, поточно од културното наследство на Битола и битолскиот регион, како пограничен град, што е предмет на интерес и мотивација за овој проект. Овој настан ги поврзува професионалците од областа на заштитата на културното наследство, музеологијата, науката и високото образование од четирите балкански земји  Р.Србија, Р.Бугарија, Р.Грција и Република Македонија што се посветени на таа проблематика.

12.00 Отворање на изложба „Традиционалната архитектура  во балканските погранични градови и региони“ – заедничка изложба на учесниците во проектот – ќе ја отвори Д-р Викторија Момева Алтипармаковска, етнолог, советник, конзерватор, НУ Завод и музеј Битола.

12.15 Излагања и презентации
– Проф Д-р Милена Беновска Сабкова „Културното наследство и политиката на сеќавањето во пограничниот бугарски град Златоград“
– Д- р Хрисула Воскопулу „Презентација на архивски фотографии на архитектурата во Флорина – Лерин, Р.Грција во периодот 1930 – 1960 од фотографот Јоанис Гразиотис“
– Дница Џокиќ, дипл.етнолог музејски советник и Ема Петровиќ дипл.етнолог музејски советник „Мултикултурниот аспект на народното градителство и неговото влијание врз граѓанското општество во пограничните области на Р.Србија“.
– м-р Софоклис Коцопулос „Историскиот центар на Флорина – Лерин и релациите во културата и архитектурата помеѓу Лерин и Битола на почетокот на 20- тиот век – постер презентација,
– Драгица Чекорова, дипломиран етнолог, виш кустос „Народната архитектура на Повардарието“
– Ефросинија Паревска, студент на ПМФ, Институт за етнологија и антропологија на Скопје, Република Македонија „Традиционалната архитектура во с. Мокрени, Леринско, Р.Грција – сличности на традиционалната архитектура во Пелагонискиот регион, Р.Македонија“
13.30 Проекција на етнолошки филм.