БИТФЕСТ – БИТОЛА ЗА СВОЈОТ ЗАШТИТНИК ОТЕЦ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ

БИТФЕСТ – БИТОЛА ЗА СВОЈОТ ЗАШТИТНИК ОТЕЦ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ

Според сценарио на протоереј – ставрофор Никола Грамбозов, пред културниот центар Магаза, документарниот филм „Битола за својот заштитник Отец Нектариј Битолски“, ја имаше својата прва проекција. Филмот ја претставува Битола во доцните средни векови, животот и делото на Отец Нектариј Битолски, како и неговото дело и значење за Битола. Сцените во филмот се снимени на повеќе локации кои имаат документарни извори. Бројната публика со големи импресии зборуваше за големината и значењето на заштитникот на кој му е посветен овој филм.