Голема сала, Центар за култура
„Хасанагиница“ од Љубомир Симовиќ
режија на Драгана Милошевска Попов
Јелена Јованова во насловната улога и Ефтим Трајчов – нејзин партнер
„Ние живееме во едно време во кое за жал целта ги оправдува средствата и прашањето со кое многу се занимаваме е всушност тоа -кој е тој степен на трпение, колку тоа ние можеме да истрпиме понижувања од некој кој е над нас и колку сме ние спремни да понижуваме луѓе кои се под нас или што ни го дозволуваат тоа.“
„Мојата Хасанагиница како да не е од овој свет, од една страна е многу блиска до сите нас кои ги гледаме, не ги гледаме или намерно ги игнорираме тие некои невидливи конци кои се изврзани за нашите раце и нозe и кои се поврзани горе во нечии раце на некој што одбрал на некој начин да биде семоќен куклар и не манипулира, не отупавува, не држи под контрола, не држи во страв. Од друга страна, Хасанагиница е жена која ретко ја среќаваме, човек кој е свесен за сето тоа што ни се случува и којшто е буден за сето тоа и се обидува да ја обелодени својата неправда и да ја исправи, без кукавичлук и без страв да се ослободи. За жал нејзината слобода завршува со смрт“, вели Јованова за својата Хасанагиница.
Во оваа сторија за распадот на едно семејство во што голем удел има политиката нејзини партнери се Миле Вратеовски како Хасанага,Ефтим Трајчов како бег Пинтеровиќ, а играат и Владимир Тулиев, Руиш Беговска,Елица Арева и останатите актери на ансамблот на Штипскиот театар. Сценограф е Владимир Ѓоревски Рафик, Марија Пупучовска ги изработи костимите, а музиката ја напиша Марјан Неќак.