БИТ ФЕСТ Изложба на грчките автори Јоргос Кордис и Јоргос Хаципантелис

БИТ ФЕСТ Изложба на грчките автори Јоргос Кордис и Јоргос Хаципантелис

 Културен центар „Магаза“

Изложбата од грчките автори насловена „Сликарство наспроти фотографија“ како што и кажува самиот наслов е составена од сликите на професорот по иконопис на Теолошкиот факултет во Атина, Јоргос Кордис и фотографиите на архитектот и магистер по филозофија Јоргос Хаципантелис.
Кордис како иконописец и сликар има направено огромен број на изложби насекаде низ светот. Насликал многу икони и фрески во цркви на Атос, во Либан, Италија, Сад. На оваа изложба се претставува со цртежи, акварели и литографии создадени во последниве две години.
Хаципантелис пак, патувајќи низ континентите преку леќите на својот апарат и својот поглед кон нештата што го опкржуваат ги запечатува луѓето, природата и разни теми од креативноста на народите.Со свои изложби се претставил во Грција и Италија. Фотографиите во оваа изложба се сликани во периодот од 2000 до 2010 година.