БИТ ФЕСТ –Изложба на икони од Раде Најдовски

БИТ ФЕСТ –Изложба на икони од Раде Најдовски

Раде Најдовски е роден во 1958 година во Битола каде го завршил и средното образование. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје отсек Историја на уметноста и Археологија. Од 1981 година работи во Центарот за култура во Битола на повеќе работни места. Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство. Работел на изработка на икони и фрескоживописи  за повеке македонски цркви и манастири. Од 2003 година е претседател на Здружението на Зографи „Ерминија“ од Битола. Во 2оо4 година организирал колонија на Зографите од Македонија во манастирот „Свети Никола“ во село Суводол Битола.
За сликарството на Раде Најдовски познавачите велат дека се чувствува влијанието на старите мајстори и дека неговото сликање остава длабок впечаток. Неговото сликарство е сеопфатно и зачинето со имагинација, а естетиката во неговото сликање целокупна и трајна.