Во рамките на четвртото идание на фестивалот на првиот фестивалски ден настапија музичките групи; Стиховно Војување од Битола, Подземан Ефект од Куманово, Raw and Wicked од Скопје, Титаниум од Прилеп и Поетика од Битола. Вториот фестивалски ден е резервиран за настап на неколку диџеи како Wasrm Up DJ, T:ZOBE и други.
Овој фестивал кој веќе станува традиционален има за цел обединување на хип хоп екипи, како и рок, поп, рап состави од различни градови, а од оваа година фестивалот е зачинет и со настапи на диџеи.