БИТ ФЕСТ „ГРАДОТ НА ГРЕВОВИТЕ“ – ОТВОРЕНО ЛЕТНО КИНО НА ТУМБЕ КАФЕ

БИТ ФЕСТ „ГРАДОТ НА ГРЕВОВИТЕ“ – ОТВОРЕНО ЛЕТНО КИНО НА ТУМБЕ КАФЕ

 Градот на гревовите е американски филм од 2005г. кој го режираа, напишаа и продуцираа Френк Милер и Роберт Родригез. Филмот е направен по стриповите на Френк Милер. Филмот имаше голем комерцијален и критички успех. Посебно е пофален за единствениот начин на снимање; најголем дел од филмот е црно-бел, само одредени објекти се во боја. Во свежината на оваа ноќ оваа проекција беше вистинска атракција за сите вљубеници во филмски проекции на отворено.