Еден од најпознатите македонски џез музичари во светот, Владимир Четкар одржа незаборавен концерт во Битола. Настапот на Владимир Четкар Квартет, реализиран како програмски дел на БИТ ФЕСТ е уште една потврда за големината и значењето на битолското културно лето за публиката која ги следи културните содржини. Овој концерт го исполни до максимум просторот пред културниот центар Магаза.