Меѓународното графичко триенале-Битола, е најголема ликовна манифестација во Република Македонија.
Според меѓународното присуство, контакти, активности, проекти …вброено е во позначајните во Европа и светот.
Седмото графичко триенале Битола- 2012 година,подготвувано е три години, со распишан конкурс за учество од 2009 година.
Традиционално и ова има своја специфична тема-која е повеќе како инспирација, назнака или поетска содржина (отколку зададена тема):“Океани и соsвездија“ и “Живот во огледало“.
Свое учество имаат реализирано 65 држави и над 550 автори од целиот свет.
За прв пат, во своето речиси дваесет годишно постоење, на ова триенале, се реализирани и три национални павиљони-подготвувани од земјите партиципиенти:-Павиљон на Чиле,Павиљон на Швајцарија и Павиљон на Полска-со неверојатен број на полски учесници 160( ова е неверојатен успех за битолското триенале-со оглед на тоа што во последните години полската графика е најзначајна во светски рамки и со оглед на тоа што на најголемото и најзначајното графичко триенале во светот-Краковското-бројот на полските учесници е далеку помал).
Меѓународното жири во состав: Венцеслав Антонов, директор на графичкото Биенале во Варна,Р.Бугарија,Паоло Чампини-истакнат графичар и професор на ликовната академија во Фиренца-Италија, како и Лилјана Христова, директор на Н.У.Завод и музеј од Битола, ги доделија следниве награди:
Grand Prix-Агата Гертчен,Полска
Три равноправни награди:
Кристине Кристос од Канада,
Димо Колибаров од Р.Бугарија и
Татјана Манева од Р.Македонија.
Самата манифестација се одвива на три нивоа и тоа:
Публикација на каталог-350 страници, кој ќе биде дистрибуиран во над 80 држави од целиот свет, на институции, галерии и институти за современа ликовна уметност, уметници.
Каталогот е публикуван од Општина Битола и поддршката на градоначалникот м-р. Владимир Талески.Всушност, ова е еден од најзначајните сегменти за манифестацијата, со оглед дека печатениот материјал ќе биде презентиран, најафирмативно, низ сите ликовни центри во светот а тоа значи најафирмативно презентирање на нашиот град во светски рамки.
Второто ниво е реализација на изложба-која поставена во изложбените простори на Н.У.Завод и музеј Битола.
И третото ниво е напоредна реализација на меѓународниот проект-Современата графика од Балканот.Изложбата и каталогот ќе бидат поставени и презентирани во Швајцарија во септември 2012 а носител на проектот е Меѓународното Графичко триенале од Битола.