БИТ ФЕСТ – ЗАПОЧНА ШЕСТОТО ИЗДАНИЕ НА „ЛОКУМ ФЕСТ“ МУЗИКА И ТРАДИЦИЈА

БИТ ФЕСТ – ЗАПОЧНА ШЕСТОТО ИЗДАНИЕ НА „ЛОКУМ ФЕСТ“ МУЗИКА И ТРАДИЦИЈА

 
Со изложба на фотографија насловена како „Занаетчиството во Битола“, а во соработка со Регионална занаетчиска комора Битола, беше отворено шестото издание на Локум фест, фестивалот на музика и традиција. Многубројната публика се присети на времето кога во Битола живееја многу занаети, а во прекрасната чалгиска вечер во духот на традицијата посетителите се засладуваа со локум.