Во рамките на Битолско културно лето Битфест во античкиот локалитет „Хераклеа“т по седти пат се одржА манифестацијата „Хераклејски поетски свечености“.
Манифестацијата овојпат насловена како „Средба на световите“ е меѓународна литературна средба на околу 20 поети од земјава и странство меѓу кои: Михаил Ренџов, Љубомир Груевски, Јовица Тасевски Етермијан, Радомир Андриќ, Думитру М. Јон, Каролина Илика и други.
Во рамките на манифестацијата беше доделена наградата „Поета Лауреатус“. Наградата му беше доделена на српскиот поет Радомир Андриќ.
Манифестацијата продолжува и во среда на 1 август со „Пладневна литературна средба“ што ќе се одржи во културниот центар „Магаза“ со почеток во 11 часот по што ќе следи „Вечер на Романска поезија“ што ќе се одржи на истиот простор, во битолска „Магаза“со почеток во 20.30 часот.