БИТ ФЕСТ Премиера на „Така зборуваше“

БИТ ФЕСТ Премиера на „Така зборуваше“

„Така зборуваше“ е најновата премиера на Битолскиот народен театар, која премиерно на сцената на битолски театар беше изведена.. Режисерка на оваа музичко-сценска композиција што е сочинета од актерски и танчарски дел, е Ѕвездана Ангеловска, а претставата е работена според делото на Фридрих Ниче „Така зборуваше Заратустра“.Во претставата играат актерите: Огнен Дранговски (Заратустра), Јулијана Мирчевска(змијата), Елена Моше (орелот). Сценографијата е на Валентин Светозарев, а костимографијата е на Благоја Мицевски. Во претставата музиката беше отсвирена во живо, а  настапија композиторот Миодраг Неќак на акустично пијано и перкусионистот Дијана Трајковски.