Народен театар 21.00 ч.
Монодрама „Сараевска свита” од Хелен Лукас во изведба на актерката Дона Димовска Кантаровска.
Монодрамата во режија на Багриана Попов ги раскажува приказните на две жени, едната босанка другата србинка. Тие споделуваат детали од нивните животи и загуби доживеани за време на нивниот живот под опсада. Нивните приказни исполнети со едноставност иако зборуваат за стравот сепак се исполнети со многу живописност, поезија и музика.
Незира/Милинка- Дона Димовска Кантаровска
Режија: Багриана Попов
Звучна обработка и ударачки иструменти: Елиса Гудрич
Музичар: Ерни Грунер
Сценграф: Адиане Чишколм
Светло: Ричард Вабре
„Како би било да се живее во град под опсада?
Одненадеж да се плашиш за сопствениот живот?
Да се плашиш кога твоите деца играат на улица/
За четири години…”
“Жени една Босанка и Србинка, ги раскажуваат своите приказни за време на опсада во Сараево. Тие споделуваат мали детаил од нивните животи, И нивните загуби.
Нивните приказни се едноставни и живописни, завиткани во поезија и музика.