БИТ ФЕСТ – КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД ОТВАРАЊЕТО НА ПРОЕКТОТ „ПРЕНОС НА ЗНАЕЊЕ ЗА ПРИМЕНА НА ЦЕНТРАЛНО ГРЕЕЊЕ ВО БИТОЛА И НОВАЦИ” ТЕЛЕТЕРМ

БИТ ФЕСТ – КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД ОТВАРАЊЕТО НА ПРОЕКТОТ „ПРЕНОС НА ЗНАЕЊЕ ЗА ПРИМЕНА НА ЦЕНТРАЛНО ГРЕЕЊЕ ВО БИТОЛА И НОВАЦИ” ТЕЛЕТЕРМ

Конференцијата ја отвори Градоначалникот Талески,  а на истата зборуваа Градоначалникот на Новаци Лазар Котевски, Претседател на ДЕТЕПА  Николаос Папахристо , директорот на ДЕТЕПА  -Коста Кириакопулос, и експертите проф.д-р Игор неделковски и проф.д-р Зоре Ангелевски.
Проектот е во рамките на прекуграничната соработка со Р.Грција и Р.Македонија, финансиран од ЕУ. Со овој проект ќе се разменат знаења и искуства за централно греење  кои се применуваат во Аминдео а се во насока на изградба на ист таков систем за искористување на топлинската енергија од РЕК Битола. Покрај за затоплување  на Битола и Новаци , топлинската енергија ќе може да се искористи и за оранжериско производство.
Проектот трае 15 месеци а партнери се Општина Битола, Новаци и Општинската организација за затоплување ДЕТЕПА од Аминдео-Р.Грција.