СТАНОВИ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ

СТАНОВИ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ

 Во присуство на Директорот на АД ССДП Цветко Гроздановски и Градоначалникот Талески зградите за млади брачни парови, самохрани родители и лица со одреден инвалидитет на улицата Кочо Рацин 38, 40 и 42 во Битола  од страна на изведувачот беа официјално врачени на акционерскотот друштво за стопанисување со стамбен и деловен простор како нарачател, а помогнат од општина Битола и Владата.

70те стана ќе се доделуваат транспарентно на оглас, преку пропишани критериуми од Министерството за транспорт и врски, со стартна цена од 554 евра за м2 и можност за одредено почетно зголемување од едно евро наместо досегашните 20, доколку за еден стан има повеќе заинтересирани лица.