БИТ ФЕСТ: БИТОЛЧАНИ СЕ СЕЌАВААТ НА КАМЕН МОСТ

БИТ ФЕСТ: БИТОЛЧАНИ СЕ СЕЌАВААТ НА КАМЕН МОСТ

Обид да се продлабочи колективната меморија на битолчани, а посебно на младата генерација која денес сеуште го користи Камен мост како место за средби. Проектот „Битолчани се сеќаваат на Камен мост“ отвори можност и најмалите спомени да прераснат во убави приказни, кои независно од тоа какви се, тажни, весели, љубовни, палави даваат посебен печат на ова посебно место…
Камен мост иако го нема четириесетина години останува во сеќавањето на битолчани, посебно на оние кои пораснале на ова место, се дружеле…а ќе остане и кај оние кои ќе доаѓаат, кои ќе живеат тука, ќе работат и поминуваат, ќе имаат средби, тука на Камен мост…
Синоќешната програма по повод овој настан вклучуваше настап на детскиот хор „Ѕвончиња“, групата „Ѓердан“ и солистката Магдалена Кочовска. Вечерва програмата продолжува со забава со рок музика.