БИТФЕСТ: КОНЦЕРТ НА КЛАСИЧНА МУЗИКА

БИТФЕСТ: КОНЦЕРТ НА КЛАСИЧНА МУЗИКА

Битолчани уживаа во концертот на класична музика што вчеравечер се одржа во Концертната сала на Музејот во Битола. Стануваше збор за класична музика изведена на саксофон и пијано а настапија Стефан Тасевски и Александра Јанковска. Нивен гостин на вечерта беше Горан Димитровски на гитара. Уметниците настапија пред преполна сала и беа поздравни со многу аплаузи од присутните.