Во културниот центар Магаза беше промовиран документарниот филм „Бит Фест културолошка рефлексија на времето 2006 – 2013. Филмот го прикажува развојот на битолскиот летен фестивал низ годините, растот на програмските содржини од 36 на 242, вклучувањето на културните институции со своите програми и фестивали во рамката на БИТ ФЕСТ, како и можностите за самостојните уметници. Документарниот филм предизвика голем интерес кај публиката.
