БИТ ФЕСТ: ЕДЕН ЛЕТЕН РАСПУСТ – 2

БИТ ФЕСТ: ЕДЕН ЛЕТЕН РАСПУСТ – 2

Во Пациото на Завод и Музеј голем број гости се забавуваа со Детско – тинејџерскиот  хепенинг „Еден летен распуст – 2“. На музичкиот хепенинг учествуваа познати имиња од детско-тинејџерската музика, од кои дел имаат и мегународно искуство. Ана Гаштарова пред еден месец ја освои првата награда од публиката на престижниот детско-тинејџерски фестивал МАЛИ СПЛИТ-ХРВАТСКА. Вчеравечер таа ја претстави својата победничка песна и на ЕДЕН ЛЕТЕН РАСПУСТ-2. Ана имаше успешни настапи и на други мегународно признати фестивали, како тие во Берлин и Москва. Христина Лажовска и Јована Стефановска истотака имаат мегународно искуство во Тутин-Хрватска, односно Ужице-Србија.
Оваа вечер присутните имаа можност за вистинско уживање во новите композиции и богата програма.