ФИЛМСКИ ДЕНОВИ: ПРОЕКЦИЈА НА ФИЛМОТ„НОЌНИ БРОДОВИ“

ФИЛМСКИ ДЕНОВИ: ПРОЕКЦИЈА НА ФИЛМОТ„НОЌНИ БРОДОВИ“

Филмските денови „See a Paris” на БИТ ФЕСТ започнаа со проекција на филмот „Ноќни бродови“ – Хрватска, филм на Игор Мирковиќ.
Станува збор за филм кој предизвика посебен интерес кај битолската публика. Во содржината доста различен од вообичаеното: Постојат стотици приказни за првата љубов. Ова е приказна за последната. Приказна за една неочекувана романса, романса што никогаш не ќе се случеше доколку Елена и Јаков не постапеа како пар 17 годишни тинејџери. Тие бегаат од пензионерски дом. Животот одеднаш им се менува. Патуваат во автомобил што нема рикверц, ги фрлаат нивните мобилни телефони во реката, му велат по ѓаволите на се и како бегалци тргнуваат на последна авантура…