БИТ ФЕСТ: ОТВОРЕН ЧЕТВРТИОТ ИДТФ „БИТОЛИНО“

БИТ ФЕСТ: ОТВОРЕН ЧЕТВРТИОТ ИДТФ „БИТОЛИНО“

Во Центарот за култура со театарската претстава„Алиса во земјата на чудата“, од детски културен центар Белград, Р.Србија беше отворен четвртиот ИДТФ „Битолино“. Одлична претстава, вистинско освежување и многу забава за најмладите…. Пред самиот почеток на првата претстава од фестивалот децата од детската театарска школа „Бабец“ се претставија со перформансот „Сакам да сонувам“.