БИТ ФЕСТ:ИЗЛОЖБА И ПРОЕКЦИЈА НА ЕТНО ФИЛМОВИ „ЕКОВАСТ“

БИТ ФЕСТ:ИЗЛОЖБА И ПРОЕКЦИЈА НА ЕТНО ФИЛМОВИ „ЕКОВАСТ“

 
Изложбата на фотографии „Природното и културното наследство“ – развоен потенцијал претставува израз на долгогодишна соработка помеѓу двата збратимени градови Пожаревац, Република Србија и Битола, Република Македонија. Оваа меѓународна активност е претставена преку соработка на Народниот музеј од Пожаревац и НУ Завод и Музеј – Битола организирана од страна на ГЗ Ековаст (Европски совет за села и мали градови) – национална секција за Република Македонија, реализирана со нивно заедничко претставување во рамките на манифестацијата БИТФЕСТ 2014.
 
Активноста на ЕКОВАСТ е фокусирана врз заштитата на природното и културното наследтво со цел нивна заштита и промоција и подигнување на јавната свест за истите. Исто така, нејзина цел е поврзување на индивидуалците, невладините организации и инстуитуциите од областа на културата на Балканот, со акцент на етнологијата како наука и професија.
Оваа изложба прикажува фотографии на богато природно и културно наследство од антропогеографските региони на Битола и Пожаревац, преку кои може да се изгради впечаток за различностите и сличностите на природната средина и културните традиции на овие два балкански региони.