БИТ ФЕСТ: ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ:ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „МНОГУ ВРЕВА ЗА НИШТО“

БИТ ФЕСТ: ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ:ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „МНОГУ ВРЕВА ЗА НИШТО“

Театарската претстава „Многу врева за ништо“ од Театар комедија – Скопје во режија на Дејан Пројковски беше дел од програмата на вториот фестивалски ден на Битола Шекспир фестивал.
Текстот блика од комични ситуации кои ги развиваат ликовите на благородниците од Месина. Дејствието во текстот се одвива во Месина и целиот текст се заснова на љубовните згоди и незгоди на два љубовни пара Беатриче и Бенедикт, и Клаудио и Херо и сите оние кои ја поткрепуваат или рушат нивната љубов. Претставата ќе се занимава со упорноста и отпорноста на љубовта низ какви се пречки мора да помине и да ги преброди. Борба за вистинска љубов со вистинска љубов.