БИТ ФЕСТ„НЕЗАБОРАВ“- ПОСВЕТЕНО НА ДОБРИ СТАВРЕВСКИ

БИТ ФЕСТ„НЕЗАБОРАВ“- ПОСВЕТЕНО НА ДОБРИ СТАВРЕВСКИ

„Незаборав“ е манифестација во рамките на Битфест која се одржа по петти пат, а годинава беше посветена на бардот на македонската народна музика, Добри Ставревски.
Настанот беше исполнет со изведба на 14 композиции од страна на Бојан Стојков, Зоран Маневски и група Калабалак.

Добри Ставревски ја добива наградата за животно дело на првиот фестивал Серенада во 1993 година. На синоќешната манифестација во негова чест беше прикажан и дел од неговите последни интервјуа, видео материјали и фотографии.