БИТ ФЕСТ: ОПЕРЕТА: СЛУГИНКА ГОСПОДАРКА

БИТ ФЕСТ: ОПЕРЕТА: СЛУГИНКА ГОСПОДАРКА

Во Завод и Музеј битолчани имаа можност да ја погледнат оперетата „Слугинка Господарка“. Авторската екипа ја сочинуваат: режисер – Трајко Јордановски, диригент – Иван Еминовиќ, костимограф- Златко Јовановски, сценограф- Елена Алчева, графички дизајнер – Марина Трајковска. Солисти: Серпина-Марија Наумовска (сопран), Уберто-Невен Силјановски (баритон), Веспоне-Борко Биџовски (нем лик), Слугинка – Симона Чакарјанева. Сценско-техничка екипа: асистент режисер/инспициент-Игор Пармаковски, асистент сценограф-Игор Спировски, светло дизајнер-Васко Лисичов, изработка на костими-Наталија Јордановска, техничка поддршка-Драги Кметовиќ, Љубиша Ивановски-Лепи, Владимир Павлов.
Уберто е постар дипломат кој е лут и нетрпелив кон неговата слугинка Серпина која ги запоставува нејзините должности и се однесува арогантно кон него. Уберто се нервира бидејќи таа секогаш му се противставува и ѝ кажува дека решил да се ожени, а во истиот тој момент таа самата му се нуди. Тој не сака ни да чуе и дава наредба Веспоне да му најде жена.

Серпина смислува итрина како да стане жена на Уберто и на помош го повикува Веспоне кој ќе треба да се преправа дека е нејзин свршеник, а за таа услуга му ветува дека тој ќе стане втор газда на куќата. Уберто се обидува самиот на себе да си ги открие вистинските чувства кон Серпина. На радоста и нема крај бидејќи секој на свој начин е задоволен од крајниот исход, а најмногу Серпина, која конечно од слугинка станува господарка. Како и во вистинскиот живот, така и во нејзиниот судбината ќе направи неочекуван пресврт на работите од кои посебно Серпина нема да биде воодушевена…