БИТ ФЕСТ:ПРОМОЦИЈА НА КНИГА ПОЕЗИЈА „ПОЛНОЌНА ПРОШЕТКА“

БИТ ФЕСТ:ПРОМОЦИЈА НА КНИГА ПОЕЗИЈА „ПОЛНОЌНА ПРОШЕТКА“

Промоцијата на книгата – Полноќна прошетка – на авторката Силвана Петорва Насух се одржа синоќа во Пациото на Завод и Музеј Битола. Станува збор за книга која содржи стихови посветени на најголемата инспирација на авторката Петрова Насух –  градот Битола, тема на која работела долго време чија историја ја истражувала од свој аспект со голема љубов кон градот. Стиховите не потсетуваат на многу локации во градот кои веќе не се во функција, на многу заборавени обичаи, на настани од минатото кои останале длабоко врежани во колективната меморија на Битола, всушност не потсетуваат и ни ја насликуваат оваа вечер како што авторката милува да каже …..Битола од нашите срца и нашите воздишки. На манифестацијата гостуваа  – Женскиот хор на Стив Наумов водени од Љубо Трифуновски, и Женската играорна група од КУД Илинден.