БИТ ФЕСТ: ПРОЕКЦИЈА НА ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

БИТ ФЕСТ: ПРОЕКЦИЈА НА ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

Во Малата сала на Центарот за култура се одржа проекција на документарен филм „Битолски весник 50 години сведок и хроничар“. Документарниот филм е изработен како дел од прославувањето на 5-децениското постоење на најстариот хроничар во градот. Документарниот филм почна да се работи веднаш после свечената академија која се одржа во април на 50-годишнината од формирањето на весникот.