ПОСТАВЕН БИЛБОРД НА ЗБИРНОТО МЕСТО НА „ЧКЕМБАРИТЕ“

ПОСТАВЕН БИЛБОРД НА ЗБИРНОТО МЕСТО НА „ЧКЕМБАРИТЕ“

Во пресрет на 30 годишнината од постоењето на навивачката група „Чкембари“, општина Битола и ЈКП Комуналец Битола изработија билборд кој го означува собирното место на навивачите, а истовремено и поддршката која навивачката група ја има од локалната самоуправа. Билбордот е поставен на почетокот од градското шеталиште.
„На предлог на ЈП Комуналец се одлучивме неколку делови од градот да ги означуваме со одредени значајни содржини- симболи на градот. На ова место каде што се славеле сите успеси, но и се тагувало за одредени неуспеси, на почетокот на градското шеталиште поставивме еден знак за кој цениме дека има големо значење за општината, а пред се за навивачката група „Чкембари“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.
Општина Битола со добивањето на ингеренциите во спортот се обидува и веќе реализира повеќе проекти кои водат кон инфраструктурно и организационо подобрување на условите, што пак треба да донесе нови високи резултати како во фудбалот, така и во ракометот.