Денеска завршува асфалтирањето на улиците во с.Бистрица. Со денешните активности инфраструктурните услови се подобруваат на десет краци во должина од еден километар, а вкупната вредност на проектот е 3 330 840 денари. Асфалтирањето на улиците е по барање на мештаните, а со овој проект 10 улици во с.Бистрица за прв пат ќе добијат асфалт.
