ВО БИТОЛА В НЕДЕЛА ФУДБАЛСКО ДЕРБИ МЕЃУ ФК „ПЕЛИСТЕР“ И ФК „ВАРДАР“

ВО БИТОЛА В НЕДЕЛА ФУДБАЛСКО ДЕРБИ МЕЃУ ФК „ПЕЛИСТЕР“ И ФК „ВАРДАР“

 
„Во недела ќе биде празник на спортот во Битола“, вака управата на ФК „Пелистер“ го најави вечното фудбалско дерби меѓу фудбалските клубови „Пелистер“ и „Вардар“ кое в недела ќе се одигра на стадионот под Тумбе Кафе во Битола. Поддршката од општина Битола со која ФК Пелистер се издигна на првото место во првата лига продолжува во континуитет.
Во пресрет на големиот спортски настан градоначалникот Талески посочи дека проектот „Битола спортски град“ се остварува во секој поглед и тоа ќе биде потврдено на неделното дерби меѓу „Пелистер“ и „Вардар“ кое се очекува да го следат вистинските љубители на спортот.
 
„Нашиот ФК „Пелистер“ го пречекува ФК „Вардар“ како првопласиран на табелата и тоа е важен спортски момент. Ние како 100 процентен акционер во клубот сметаме дека овој успех и резултат се должи на врвната работа во клубот и затоа ФК „Пелистер“ е најдобар во Македонија. Убеден сум дека в недела ќе има многу посетители и настан во кој ќе победи спортот, изјави градоначалникот Талески.
 
Фудбалскиот клуб „Пелистер“ максимално се подготвува за организација на претстојниот фудбалски натпревар, а доколку во Битола допатуваат навивачите на ФК „Вардар“ тие ќе бидат домаќински прифатени, посочи спортскиот директор на клубот Миле Димов.