ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ БИДЕ АСФАЛТИРАНА УЛ.ПРОГРЕС ВО БИТОЛА

ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ БИДЕ АСФАЛТИРАНА УЛ.ПРОГРЕС ВО БИТОЛА

Улицата Прогрес во Битола за прв пат ќе добие асфалт. Денес таму започнаа градежните активности кои што ќе резултираат со решавање на проблемите на сите жители од оваа улица. Со реконструкцијата која се реализира по барање на жителите од урбаната заедница Димо Хаџи Поповски, мештаните ќе добијат значително подобри инфраструктурни услови. Покрај оваа интервенција во изминатиот период во населбата Боримечка интервенирано е на повеќе локации:
„Во овој дел од нашата општина интервениравме изминатите години на подземната инфраструктура и асфалтирањето. Во изминатиот период интервениравме на улицата Индустриска, на дел од улица Солунска, на ул.Бистра, сега сме на улица Прогрес. Интервенцијата е со вкупна должина од околу 350 метри, а вредноста е 3 315 499 денари. На терен во разговор со мештаните договоривме уште два чикмаци кои со проектот не се предвидени. Истите не беа предвидени поради одредени проблеми со имотно – правните односи. Тоа е сега надминато, а улицата ќе биде целосно асфалтирана, вклучувајќи ги и тие чикмаци. Градежната сезона во општина Битола е во полн ек, а до крајот очекувам дека предвидената бројка од 25 улици за првата година од оваа локална самоуправа ќе биде надминат“, изјави Градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.