БИТОЛА НАЈДОБРА БИЗНИС ДЕСТИНАЦИЈА СПОРЕД „DOING BUSINESS 2011“

БИТОЛА НАЈДОБРА БИЗНИС ДЕСТИНАЦИЈА СПОРЕД „DOING BUSINESS 2011“

Битола според најновиот извештај на Светската банка “Doing business 2011“, е  рангирана меѓу најдобрите бизнис дестинации од 22 града, во седум држави во Југоисточна Европа Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Молдавија и Албанија
 Извештајот ” Doing business “ ги мери реформите во четири области. Првата е во почнувањето бизнис, вториот индикатор е за добивањето дозволи за изградба каде Битола  има голем напредок, особено во делот на скратување на процедурите за изградба, а има подобрување и кај индикаторот за регистрирање на имот, односно  во делот на Катастарот каде се забрзани процедурите, воведена е електронска можност за поднесување документи, а намалени се и тарифите на катастарот.