ОТВОРЕН ЦЕНТАР ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА БИЗНИС-БИТОЛА

ОТВОРЕН ЦЕНТАР ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА БИЗНИС-БИТОЛА

 

  Во присуство на Градоначалникот Талески, Амбасадорката на Кралството Холандија Фредерик Де Ман, директор на АТА (Асоцијацијата за академска обука) Јаник ду Понт и останатите партнери на проектот: Универзитетот Св.Климент Охридски, Техничкиот факултет, Регионалната стопанска комора и Центарот за поддршка на мали и средни претпријатија во Битола, беше потпишан меморандум за соработка и означен почетокот на Центарот за започнување на бизнис-Битола.
Центарот ќе работи на пружање на услуги за обуки и стручни совети  на сите заинтересирани малди потенцијални стопанственици  до 35 год. Најдобрите бизнис планови ќе бидат финансиски поддржани од страна на АТА и ќе бидат дел од деловниот инкубатор за мали и средни претпријатија. Просторот за инкубаторот го обезбедува општината. Составен дел на инкубаторот ќе бидат воведување на ISO стандарди, развој на ИТ технологии,  учество на регионални конференции и саеми за мали средни претпријатија  во ЈИ Европа, состаноци со релевантни ЕУ институции.