ОДДАДЕНА ПОЧИТ НА ГРОБОТ НА МИЛТОН МАНАКИ

ОДДАДЕНА ПОЧИТ НА ГРОБОТ НА МИЛТОН МАНАКИ

Градоначалникот на општина Битола и директорката на ИФФК „Браќа Манаки“, денес положувајќи свежо цвеќе на гробот на Милтон Манаки, одадоа должна почит кон големото дело на Браќата Манаки.
„Веќе сме на средина на новото издание на фестивалот и традиционално со градоначалникот секоја година доаѓаме да ја оддадеме должната почит кон Милтон Манаки. Морам да кажам дека сме многу благодарни на општината што гробното место е обновено и направено како што доликува, затоа што последните години беше навистина искршено и недоликуваше. Голем дел од жирито се заинтересирани да дојдат на гробот на Манаки, а тоа ќе го направат во петок“, изјави Лабина Митевска, директор на ИФФК Браќа Манаки.
Големото дело на Браќата Манаки е постојана водилка кон постојано креативно вложување во развојот на филмската индустрија:
„Браќата Манаки за нас се дел од најубавите светли страници на Општина Битола. Тие иницираа неколку генерации многу конкретно да се вложат и во овој сегмент на нашето живеење. Годинава имаме неколку новини: во центарот за култура имаме нова кино опрема – врвна технологија, започнавме со обнова на киното „Корзо“ во кое што работеле Браќата Манаки, а се разбира веќе имаме закон за филм кој што дава поволности. Вака заедно обединети околу филмската дејност, мислам дека ги создаваме најдобрите услови во Битола и Македонија да се развие филмската продукција“, изјави градоначалникот на општина Битола, Д-р Владимир Талески.