ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК КАЈ ВЕРО

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК КАЈ ВЕРО

Локалната самоуправа денес на терен помеѓу граѓаните во урбаната заедница Панде Кајзеро 2 и Васко Карангелевски. Заедно со граѓаните од овие урбани заедници се разговараше за реализираните проекти во изминатиот период во овој дел на градот, како и за проектите кои ќе се реализираат согласно програмата на градоначалникот и Советот на општината. Во овој дел на Општина Битола денес започнаа и активностите за реконструкција на улицата Васко Карангелевски и изградба на два нови кружни текови.
„Овде сме да видиме како оди реализацијата на овој голем проект. Ова е делот кој што ни остана за да ја поврзиме целата транзитна мрежа. Во овој дел на Васко Карангелевски почнавме да го реализираме проектот два кружни тека. Семафорите се извадени и овде ќе направиме еден кружен тек, еден кај влезот кај хотел Битола, а еден е веќе изграден. Вториот кружен тек ќе придонесе за намалување на брзината на движење затоа што во близина има и детска градинка и училиште. Ова е проект кој ќе биде во вредност од 25 000 000 денари“, изјави градоначалникот на општина Битола, Д-р Владимир Талески.
Градоначалникот најави дека на сите кружни текови во градот ќе бидат инсталирани содржини значајни за културно историското минато на Битола и на тој начин ќе бидеме единствениот град во Македонија низ кој додека се вози ќе може да се воочуваат знаменитостите и главните обележја на градот.