ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ РЕЗЕРВОАР ЗА ВОДА ВО БРУСНИЧКА НАСЕЛБА ВО ЗАВРШНА ФАЗА

ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ РЕЗЕРВОАР ЗА ВОДА ВО БРУСНИЧКА НАСЕЛБА ВО ЗАВРШНА ФАЗА

Изградбата на новиот резвоарот за вода во Брусничката населба е во завршна фаза. Новиот резервоар претставува крупна инвестиција што јавното претпријатие “Водовод” ја реализира со поддршка од Општината Битола со финансиски средства обезбедни со кредит од КФВ банката
„Ова е проектот за кој што ние како општина Битола дадовме голема поддршка и ние сме гарант за кредитот на ЈКП Водовод за реализација на овој многу значаен проект со кој околу 30% од населението во средната и високата зона ќе се снабдува од овој резервоар. Вредноста е околу 2 милиони евра, така што тековно ќе се прават сите фази за реконструкција, обнова, осовременување и интервенции кои ќе значат голем квалитет и намалување на загубите на вода, изјави Д-р Владимир Талески, градоначалник на општина Битола.
Од КФВ банката постои интерес за понатамошна соработка.
„Германската Влада ја поддржува Македонија со програма за водоснабдителна инфраструктура во која што учествуваат 8 града. Во моментот проектот е во првата фаза во која што учествува и градот Битола меѓу другите и ова градилиште е финансирано од тој проект. Со оваа фаза од проектот се финансира одржливо водоснабдување во различни градови и јас се надевам дека градот Битола ќе се пријави и за втората фаза од проектот. Првата фаза од проектот е 10,8 милиони евра за тие осум града, а градот Битола од нив добива 2 милиони. Градот Битола е токму навреме, а работите брзо се спроведуваат“, изјави Анѓела Екард од германското сојузно министерство за економска соработка и развој.
Резервоарот е со волумен  од 2 илјади кубици, а со него ќе се овозможи  редовно водоснабдување на жителите од средната и високата зона во градот, како и намалување на загубите во водоснабдувањето.