ГЗ „Ден на дрвото- Засади ја својата иднина“ во посета на Битола

ГЗ „Ден на дрвото- Засади ја својата иднина“ во посета на Битола

Во пресрет на мартовската акција „ Ден на дрвото- Засади ја својата иднина“, претставници од граѓанското здружение предводени од претседателот Борис Трајанов остварија повеќе средби во нашиот град. Беа примени од Грдаоначалникот Талески на кого му доделија златна значка во знак на придонесот што го дава во рамките на акцијата „ Ден на дрвото- Засади ја својата иднина“  
Исто така остварија средби со невладините организации, граѓаните, основните и средни училишта. Денот заврши со  концерт на естрадните ѕвезди пред Веро во центарот на градот.