Во рамките на прославата на Денот на руската дипломатија, Градоналникот Талески оствари работна средба со Амбасадорот на Руската Федерација НЕ Владимир Солоцински каде се разговараше за досегашната културна соработка и продлабочување на економската соработка. Потоа заедно положија свежо цвеќе на Рускиот крст.
