СПЕКТАКУЛАРЕН ДОЧЕК НА НОВАТА 2012 ГОДИНА ВО БИТОЛА

СПЕКТАКУЛАРЕН ДОЧЕК НА НОВАТА 2012 ГОДИНА ВО БИТОЛА

Многу забава, разиграни, насмеани и весели лица го преполнија Плоштадот Магнолија.  X- бенд, Б- клан и Марија, Памперс, најголемите фанови на македонскиот идол, битолчаните Нико и Виктор Апостоловски, Сефедин Бајрамов, Кристина Арнаудова, Боеми, Драган Мијалковски ја загреаа големата забава на Плоштадот Магнолија предизвикувајќи големо расположение помеѓу битолчани.  Маја Оџаклиевска беше кулминација на големата забава на Плоштадот Магнолија.  Нејзиниот настап предизвика многу игра, песна и весело расположение помеѓу битолчани.  Присутните на Плоштадот Магнолија уживаа во нејзиниот предизвикувачки и комплетно исполнителен настап, кој надополнет со прекрасниот вовед на водителите Александар Блажевски и Драгана Чуприна, големата честитка на Градоначалникот Владимир Талески и исклучителниот огномет на полноќ придонесоа за спектакуларен дочек на новата 2012 година.
После полноќ забавата продолжи со Маја Оџаклиевска, Петар Најдовски и групата Деспина.