Градоначалникот Владимир Талески по повод Новогодишните и Божиќните празници, им подари новогодишни ќесички на децата згрижени во повеќе институции во градот:
Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас, Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ , Дом за доенчиња и мали деца , Дневен центар за деца со посебни потреби
Исто така, Градоначалникот им врачи подароци и на децата од специјалната паралелка при ОУ Ѓорѓи Сугарев, но и на повеќе здруженија: Здружение на слепи лица, Здружение на деца со церебрална парализа, Здружение на глуви и наглуви, НВО Баирска светлина, НВО Ревита, НВО Еднакви крила…Детската радост која ја предизвика оваа посета беше неизмерна.