Започна новогодишната програма на Плоштадот Магнолија

Започна новогодишната програма на Плоштадот Магнолија

 

   Започна реализацијата на Новогодишната програма на Плоштадот Магнолија.  Песни, детски насмевки и радост одѕвонуваше од Плоштадот Магнолија.  Точно напладне започна детскиот блок со настап на децата од детскиот фестивал СИ ДО, а веднаш потоа децата уживаа во Театарската претстава „Зима“ на Детски театар „Бабец“ во која покрај прекрасна актерска игра, се испреплетуваа весели Новогодишни и Божиќни песни придружувани од ѕвонливите гласови на детскиот хор Ѕвончиња.
Веднаш по завршувањето на детскиот блок свој настап имаа групите 3Г и Рок Банда.