Министерот за локална самоуправа Невзат Бејта, Градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески и директорот на компанијата „БВ Инжинеринг“ Борис Неделковски потпишаа договор за реновирање и реконструкција на домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола.
Реализацијата на проектот ќе започне за еден месец, а предвидено е да заврши во февруари 2013 година.
Проектот ги исполнува сите европски норми, со што домот за стари лица ќе стане исклучително модерен, а ќе се зголеми и неговиот капацитет. Ќе бидат реконструирани сегашните 1209 метри квадратни, а во новиот дел ќе има 2400 метри квадратни. Ќе се реконструираат надворешниот внатрешниот дел на објектот, скалите, ќе се зајакне носечката конструкција, ќе се постави нова санитарна опрема, лифт, а предвидена е и нова фасада.
Проектот се финансира во рамките на ИПА прва компонента од 2007 година, во соработка со министерството за локална самоуправа.