Во црквата „Свети Великомаченик Димитриј“ во присуство на голем број верници, Градоначалникот м-р Владимир Талески и министерот за информатичко општество м-р Иво Ивановски, по повод верскиот празник Богојавление – Водици се одржа света божествена литургија со која чиноначелствуваше Владиката Петар.
Традиционално и годинава, дваесетмина млади битолчани се натпреваруваа обидувајќи се да го пронајдат крстот во водите на црковниот базен. После неколкуминутната потрага по светиот крст и оваа година најсреќен беше Никола Свенчев.
Дваесетгодишниот Свенчев, втора година по ред успева да го фати светиот крст, а својата среќа ја подели со своите сограѓани и пријатели посакувајќи им многу здравје, среќа и бериќет.