Денот на дрвото беше работно обележан во Битола, во месноста Билбил камен каде Градоначалникот Талески, министри, Ректорот на битолскиот универзитет, заменици-министри, декани, претседатели на партии, директори, пејачи, спортисти и многу други јавни лица засадија дрвца. На акцијата зедоа учество околу 7.000 битолчани. Битола беше една од 32 општини, во која се засадија 7,5 милиони млади фиданки, а битолчани масовно се одзваа и беа дел од планираните активности.