ГОЛЕМО ЕСЕНСКО ЧИСТЕЊЕ НА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ

ГОЛЕМО ЕСЕНСКО ЧИСТЕЊЕ НА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ

Општина Битола, вклучувајќи се во акцијата на Министерството за животна средина и граѓанската асоцијација „Ајде Македонија“, а во соработка со јавните претпријатија од градот изврши големо есенско чистење на повеќе локации. Акцијата започна во 07.00 часот наутро, а јавното претпријатие Комуналец интервенираше на 10 локации во централното градско јадро, додека јавните претпријатија Водовод, Нискоградба и останатите приватни фирми кои самоиницијативно се пријавија да бидат дел од оваа акција ги расчистуваа депониите лоцирани надвор од градот, како: М-5, Тепсија, ул.11та, пат Драгожани – Секирани, пат за с.Поешево и с.Оптичари. Покрај јавните претпријатија и приватните фирми, во акцијата масовно се вклучија и граѓаните преку урбаните заедници и училиштата кои го расчистуваа просторот во училиштата и околу нив.