ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА

ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА

Зоолошката градина во Битола добива нова водоводна мрежа во должина од 576 метри и нова канализациона мрежа во должина од 590 метри. Со реализацијата на овие проекти ќе се решат проблемите околу напојувањето на животните, а ќе се отстранат и пречките предизвикани од недостиг на канализација. Деталниот урбанистички план за целата зоолошка градина, дел од Тумбе кафе како и пристапен пат околу зоолошката градина е завршен, а изработениот проект за целосна реконструкција на зоолошката градина е со вредност од 2 милиони евра.
Во Зоолошката градина деновиве се забележува раст на животинскиот фонд.
Зоолошката градина во моментов е предпристапна членка на ЕАЗА – Европска асоцијација на зоолошки градини и аква.